Достапни линкови

Лондон: Блер ги повика европските земји и САД да работат заедно


Британскиот премиер Тони Блер ги повика европските земји и Соединетите Држави да работат заеднички во справувањето со проблемите во светот. Во интервјуто за Фајненшел Тајмс, Блер оцени дека најдобар начин за запирање на американскиот унилатерализам е европските држави да остварат стратегиско партнерство со Вашингтон со што би се избегнало и создавањето на неколку центри на моќ во светот.
XS
SM
MD
LG