Достапни линкови

Вашингтон: Буш му се заблагодари на кинескиот претседател


Американскиот претседател Џорџ Буш му се заблагодарил на кинескиот претседател Ху Џинтао за позитивните напори за решавање на разликите со Северно Корејската нуклеарна програма, јави кинеската агенција Хсинхуа. Истиот извор кој не соопшти кога бил извршен телефонскиот разговор го цитира Буш дека Соединетите држави сакаат да го решат проблемот по дипломатски пат. Неделава во Пекинг се одржаа разговори меѓу американски и северно корејски преставници за нуклеарната програма на Пјонгјанг.
XS
SM
MD
LG