Достапни линкови

Оружје за масовно уништување сеуште не е пронајдено


И американскиот претседател Џорџ Буш и државниот секретар Колина Пауел често цитираа американски разузнавачки извори кога го обвинуваа Ирак дека поседува оружје за масово уништување. Но, досега, поголемо количество на ова оружје не е откриено.

Еден месец по започнувањето на војната во Ирак, Американците се уште не открија позначајно количество биолошко или хемиско оружје. Тоа, според експертите, го доведува под прашалник квалитетот на разузнавачките податоци врз оснава на кои беше и покрената воената акција против Ирак. Претседателот Буш, во годишното обраќање кон крајот на јанураи годинава, рече:

„Нашите разузнавачи проценуваат дека Садам Хусеин има материјали да произведе петстотини тони сарин и нервен гас. Во вакви количества, овие хемиски супстанци можат да убијат илјадници луѓе.“

изјави претседателот Џорџ Буш, а веднаш потоа и државниот секретар Колин Пауел со исти наводи говореше во Советот за безбедност на Обединетите Нации. Шефот на инспекторите за оружје Ханс Бликс деновиве изрази сомневање во американските и британските разузнавачки податоци за Ирак.

„Мислам дека тоа е еден од елементите што пречеа – толку многуте разузнавачки податоци врз кои беше граден нивниот случај по се изгледа биле несигурни.“

Изјави Бликс за Би-Би-Си. Директорот на програмата за Европа при центарот за стратегиски и меѓународни истаржувања во Вашингтон Сајмон Серфати смета дека говорот на Пауел во Советот за Безбедност беше убедлив и оти Ирак поседува оружје за масовно уништување.

„Мислам дека секретарот Пауел беше толку цврст во убедувањето дека случајот што го изложи е заснован врз факти што тој ги видел, а не врз некои гласини.“

За разлика од него, Ентони Кордсман, од истиот вашингтонски центар е посомничав во врска со американските разузнавачки податоци за ирачкото оружје за масовно уништување.

„Често добивате многу јасни разузнавачки информации, и некогаш тие се крајно веродостојни. Но, некогаш не е така.“

Според него, наводите на Буш за тони сарин можеби биле базирани врз претходните потдатоци на инспекторите за оружје за она што тие го откриле во илјада деветстотини и девеесетата година во Ирак.
XS
SM
MD
LG