Достапни линкови

Обид за ставање на безбедносниот систем под контрола на еден центар на политичка моќ


„Немам намера да подлегнам на никакви притисоци и уцени, независно од која партиска или политичка опција тие доаѓаат,“

порача претседателот Трајковски во обраќањето пред парламентот, образложувајќи ја одлуката за ослободување од кривично гонење на актуелниот шеф на агенцијата за разузнавање Доста Димовска.

Клучниот мотив што претседателот го посочи како причина за аболицијата е недоволната правна издржаност на обвинувањето за кривична одговорност на Димовска во аферата прислушување што само го потврдува, како што рече мотивот што стои зад целиот случај.

„Ставање на целиот безбедносен систем под контрола на еден центар на политичка моќ.“

Трајковски соочен со лавина критики и обиди правно да се оспори неговата одлука за аболиција на Димовска во обраќањето потсетува на како што рече неколку правни аксиоми:

„Ниту уставот, ниту според законот за помилување или некој друг закон, никому не му е дадено право да го повикува претседателот да ги докаже своите мотиви и уверување за случаите на помилување.“

Претседателот, рече Трајковски, има право да помилува и во редовна процедура, според членот 11 од законот за помилување.

„Иницијативата на владата за бришење на членот 11 од Законот за помилување претставува класичен обид да се редуцираат овластувањата на шефот на државата без притоа да постои елементарна аргументација за таквата постапка.“,

Шефот на државата со пофални зборови за досегашната работа на Димовска, но и со жалење, за како што рече, медиумската кампања диригирана од еден партиско-политички центар.

„Јасно препознатлив во јавноста со крајна цел да се изврши политички притисок врз секојдневното извршување на моите уставни и законски овластувања и надлежности, но и да се дисквалификува интегритетот на самата институција Претседател на Република Македонија. Ваквата кампања и методите што се користат, како и тајмингот укажуваат на политичкиот реваншизам, во кои интересите на една политичка опција имаат приоритет над сите други во државата,“

рече Трајковски.
XS
SM
MD
LG