Достапни линкови

Вашингтон: Тарик Азис им се предал на американските сили


Поранешниот ирачки заменик-премиер Тарик Азис и еден од најблиските соработници на Садам Хусеин, им се предал на американските сили и се наоѓа во затвор, соопштија американски претставници. Во меѓувреме, американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека мисијата во Ирак сеуште не е завршена и оти сојузничките сили сега трагаат по оружјето за масовно уништување.
XS
SM
MD
LG