Достапни линкови

Багдад: Американскиот цивилен администратор се врати во главниот град


Американскиот цивилен администратор за пост-воениот Ирак по посетата на Северен Ирак денеска се врати во Багдад каде што со угледни жители на главниот град ги започна разговорите за стабилизација на ситуацијата. На состанокот не присуствуваат лидерот на ирачкиот национален конгрес Ахмед Чалаби и самопрогласениот градоначалник на Багдад Мохамед Ал Зубаиди. Гарнер вчера им вети на ирачките курди дека тие ќе партиципираат во демократската ирачка влада. Пентагон во меѓувреме соопшти дека се уапсени уште четири луѓе од списокот на бараните официјални лица поврзани со бившиот режим на Садам Хусеин. Меѓу уапсените е и шефот на ирачката воздушна одбрана.
XS
SM
MD
LG