Достапни линкови

Придонес за враќање на довербата кај месното население


Мултиетничките полициски патроли во голема мера доведоа до зајакнување и вракање на довербата меѓу месното население од различните етнички групи од една страна и полицијата од друга, велат во Министерството за внатрешни работи

„Од почетокот на имплементирањето на овој план, полицијата преку мешаните полициски патроли во поранешните кризни региони почна постепено да ги применува мерките и овластувањата што и се дадени со закон. Овие мешани етнички полициски патроли се добро прифатени од месното население и тоа не само во поранешните кризни региони, туку и пошироко и довербата секој ден е се поголема,“

изјави мајор Горан Петрушевски од одделот за полиција при МВР кој објаснува дека и покрај проблемите со кои се соочува полицијата во кризните региони таа е присутна 24 часа.

И во Организацијата за безбедност и соработка во Европа која е вклучена во обуката на полициајците се задоволни од функционирањето на мултиетничките патроли

„Ние сме многу задоволни со нивната работа на теренот. Мислам дека новите кадети ја зголемија стабилноста и безбедноста во поранешните кризни региони со нивното присуство, со патролирањето, нивната соработка со месното население. Соработката во етнички мешаните патроли е навистина добра. Полицајците мораат да работат заедно и да се заштитуваат меѓусебно. Овие луѓе сфаќаат дека се професионалци и полицајци, безоглед на која етничка заедница и припаѓаат.“

Посочува амбасадорот на ОБСЕ во земјава Крег Џенес.
Инаку наредниот курс ке започне на 5 мај. Притоа ке бидат вклучени 350 нови кадети, од кои 250 етнички Албанци, 49 Македонци и 51 од останатите етнички групи.

Во ОБСЕ се надеваат дека до крајот на оваа година ќе се оствари целта на организацијата за обука на илјада полициски кадети - припадници на останатите етнички заедници во Македонија.
XS
SM
MD
LG