Достапни линкови

Сараево: БИХ може да стане европски Авганистан


На Босна и Херцеговина и се заканува опасност да стане европски Авганистан, предупреди американскиот амбасадор во оваа земја Клифорд Бонд. Тој истакна дека ризикот е поради тоа што Босна се повеЌе станува прибежиште за криминалци кои се занимаваат со трговија со луѓе, дрога и оружје и со други нелегални активности. Американскиот амбасадор притоа како сериозен проблем ја нагласи и можноста "целокупното криминално движење од Србија, по укинувањето на вонредната состојба во таа земја, да се пресели и да ги продолжи нелегалните активности во БиХ"
XS
SM
MD
LG