Достапни линкови

Кипар: Истече рокот за преминување преку демаркационата линија


На полноќ истече рокот во кој жителите на Кипар имаа можност да ја преминат демаркационата линија која го дели островот на грчки и турски дел од 1974 година. Таканаречената зелена линија ја преминале стотина кипарски Турци и педесетина Грци, а Шефот на грчката дипломатија Јоргос Папандреу овој потег го оцени како празничен ден за поделениот остров. Шефот на грчката дипломатија Јоргос Папандреу го поздрави потегот на отворањето на кипарската граница, оценувајќи го како празничен ден за поделениот Остров.
Зелената линија на Кипар е неколку стотици метри широка тампон зона, на која има поставено стражарски места и која е затворена со бодликава жица. Во неа, од 1974 година по поделбата на Кипар, патролираат силите на ОН.
XS
SM
MD
LG