Достапни линкови

logo-print

АНА е изолирана екстремна група со криминални намери


По скоро еден месец од превземањето на командата на мисијата од страна на Евросилите, НАТО сепак има голема улога во Македонија, изјави Кјел Одегард претставник на алијансата во нашата земја. Тој посочи дека оваа организавија има советодавна улога, но и да дава практична помош која ке се остои во асистенција во конкретни области. Според Одегард и покрај тоа што НАТО ке и помага на Македонија во приближувањери кон евроатлантските интеграции, македонските власти треба сами да одередат кои се целите и на што конкретно треба да се работи. Бидејки Мкаедонија е една од земјите домакини на НАТО штаб, ние сме подготвени преку инструментите на алиајнасата да дадеме конкретна помош на Македониај која ке се состои во соработка со надлежните министерства и Генерал штабот на армијата, при што од особена важност е сето да се одвива транспарентно и со доверба, рече Одегард.

По изјавата на цивилниот претставник на УНМИК Михаел штајнер дека АНА е терористичка организација, Ирена Гузелова портпарол на Европската унија посочи дека станува збор за изолирана екстремна група со криминални намери за која тие веруваат оти нема поддршка од месното население.
XS
SM
MD
LG