Достапни линкови

Николас Бигман, амбасадор на НАТО во Македонија. Идеите за етнички чисти држави предизвикаа реки крв на Балканот


Амбасадоре како ги коментирате обидите за повторна промоција на идејата за етнички чисти држави од страна на Љубчо Георгиевски и Демократската Партија на Албанците?

Таквите идеи предизвикаа реки крв на Балканот но и на други места во светот и меѓународната заедница стана алергична на нив. Не мислиме дека тие се остварливи и мислиме дека тие едноставно се лоши. Можам да кажем дека сме сто насто против таквите идеи без оглед дали доаѓаат од Георгиевски од Демократската Партија на Албанците или од кого и да е.

Двајца потписници го проглсија охридскиот договор за неуспешен концепт, се промовираат идеи за протекторат?

Мислам дека е тоа комплетна глупост. Затоа што Македонците покажаа дека можат да ги решаваат работите. Го направија тоа во август пред две години. Договор е потпишан. И патем, секој што го потпишал е обврзан со него. И Георгиевски и Џафери се обврзани со своите потписи. Тие едноставно не можат да кажат: не мислевме така пред две години. Не можат да се извлечат со тоа, не во очите на Меѓународната заедница.

ДПА излезе од парламентот прогласи мраториум на своето делување?

Јас не го разбирам она што се случува во ДПА. Не ги размирам, а не сум сигурен дека и тие самите го размираат. Мој впечаток е дека се тие длабоко збунети околу начинот на кој една опозициска партија треба да функционира во демократија. Тие се сигурно збунети и околу нивната улога како опозициска партија. Таа изгледа не им се допаѓа. Добро можеби таа улога навистина не е пријатна, но тоа е она што гласачите го одлучија, и тие едноставно мораат да се помират со тоа, да ја искористат позицијата најдобро што можат и да се обидат повторно да бидат избрани за три четири години. Така што јас не ги разбирам и не можам да видам каква корист можат да им донесат решенијата да се повлечат од политичката сцена. Но знаете тоа е нивна одлука, од нив зависи и јас лично не сум загрижен поради тоа.

Сепак идеи за чисти држави, излегување од парламентот, заложби за протекторат , можат ли тие реално да ја дестабилизираат ситуацијата?

Не мислам дека можат. Она што јас главно го гледам е конфузија. Се чини дека опозицијата или некои полтитичари во опозицијата го загубија патот. Не знаат каде да одат. Ги радикализираат своите изјави во надеж дека ќе предизвикаат внимание, дека ќе привлчат истомисленици што не им успеа за време на последните избори. Но, искрено не мислам дека ова би можело да има влијание на безбедноста и стабилноста на ова земја затоа што колку што јас гледам мнозинството на луѓето сакаат мир и сакаат работа. Тие знаат дека нема да ги добијат ниту едното ниту другото преку овие непромислени идеи. Се чини дека овие политичари се обидуваат да го свртат вниманието на луѓето од економската ситуација но и од борбата против организираниот криминал и корупцијата. А тоа е она што сега е многу важно.. Идеите за етнички чисти драви и бетонски држави според мене не се сериозни. И во крајна линија мислам дека Македонија е доволно стабилна и безбедна без оглед што овој пар политичари би можеле да кажат и дека така и ќе остане.
XS
SM
MD
LG