Достапни линкови

Багдад: Џеј Гарнер го посети северен Ирак


Американскиот администратор во Ирак Џеј Гарнер денеска го посети севрениот регион на земјата, претежно населен со курди. По разговорите во Сулејманија со Џалал Талабани од Патриотската Унија на Курдистан, Гарнер оцени дека развојот на настаните во областите контролирани од курдите би можеле да бидат модел за целата земја. Во меѓувреме, илјадници шиитски муслимани и денеска во Карбала и во Багдад учествуваа во верски молитви, кои беа забранети за време на режимот на Садам Хусеин. Дел од нив протестираа против американското воено присуство во земјата.
XS
SM
MD
LG