Достапни линкови

Синхронизираност и радикализација на опозицијата


Во политиката ништо не е случајно, и очигледната синхронизираност на чекорите на опозицијата и промовирањето на идеите за етнички чисти држави говорат за радикализација на десницата како последен очајнички чекор на една опција која веќе нема иднина на Балканот, вели политикологот Ѓорѓи Иванов:

„Веројатно опозицијата се разбуди од зимскиот сон и почна пролетната офанзива на опозицијата. Сите тие настани на некој начин покажуваат сигнали на синхронизираност и укажуваат дека постои некој план. Ваквиот начин на настапување на опозицијата е состојбите кои не им одат во прилог да ги забошотат и да го одвлечат вниманието од нешто друго што се случува во Македонија. Овој радикализам на десницата насочен на она што се случува во наше опкружување. Настаните покажуваат дека теренот им е стеснет и сега на некој начин тоа е крик на очај, радикализмот кај десницава, така што многу идеи што тие не ги реализираат кога тие биле на власт можеле и да ги реализираат.“

Но, ситуацијата ни малку не е безопасна доколку на оваа радикализација не и биде соодветно одговорено, смета Иванов.

„Тоа е само еден бран кој не зафаќа. Ако имаме актери кои ќе знаат да сурфаат на тој бран, ќе не доведат до победа, меѓутоа као тој бран наиде на слаби актери, слаби играчи, во тој случај состојбата може да биде очајна.“

Во таа смисла не мала одговорност има меѓународната заедница во Македонија:

„Сега тука е клучната улога на меѓународниот фактор. Ако сака да влијае, како што влијаел во многу ситуации треба да им пушти силна порака на вакви актери дека со тој радикализам не може да се постигне политика многу, дека тој кога тогаш ќе ве удри по глава.“
XS
SM
MD
LG