Достапни линкови

Багдад: Допатува американскиот администратор за Ирак


Американскиот администратор за Ирак генералот во пензија Џеј Гарнер денеска допатува во Багдад. Гарнер изјави дека негов приоритет е обновата на основните услуги како што се снабдувањето, електричната енергија и водата. Американскиот генерал е на чело на Канцеларијата за обнова и хуманитарната помош, а со него во Ирак допатуваа околу 400 лица, персонал на Канцеларијата која треба да помогне и во организацијата на привремената влада.
XS
SM
MD
LG