Достапни линкови

logo-print

Една од најемотивните дебати во Германија


На некогаш таканаречената „Ничија земја“ во близина на поранешниот Берлински ѕид во мај 2005 ќе биде отворен Меморијалот на шест милиони убиени Евреи од нацистите. Повод 60 години од крајот на Втората Светска Војна. Изградбата на Меморијалот предизвика една од најемотивните дебати во Германија.

Меморијалот за 6 милиони убиени евреи може да ги разбуди духовите од германското минато на неадекватен нашин за земјата која се промени во мирољубива демократија, велат критичарите на проектот. Оние другите пак велат дека Меморијалот не може да преставува ништо друго освен правда во чест на жртвите на Холокаустот. Нобеловецот писателот Гинтер Грас е меѓу оние автори, писатели, артисти и историчари кои велат дека вистинските меморијали се фотографиите од некогашните концентрациони логори од Дахау и Аушвиц. Една посета таму ке ви каже многу повеќе отколку било кој меморијал од камен, вели Михаел Нојман. За разлика од нив Рут Елстер го подржува проектот за Меморијалот во Берлин.

„Ние имаме обврска да ги зачуваме сеќавањата за криминалот врз човештвото – не за да се прошири комплексот на вината туку да се охрабри одговорноста.“

Меморијалот ќе биде направен од 2700 темни камени табли-столбови и е дело на архитектот од Њујорк Петер Ајсенман. Ке има документациски центар за истребувањата на евреите не само во Германија туку и во цела Европа. Се проценува дека делото ке чини 28 милиони евра, а само за столбовите широки 2,4 метри и различни во височина ќе бидат потрошени 10 милиони евра. Меморијалот ќе биде сместен на земјиште од два хектара во близина на Брандербуршката Капија и зградата на Рајхстагот. Ова земјиште беше некогаш дел од таканараечената Ничија земја покрај берлинскиот зид, во близините на руините на Третиот Рајх и на бункерот во кој се самоуби Адолф Хитлер. Изградбата на ваков централен објект на Холокаустот беше предложен во 1988 година. Комплетниот план беше направен во 1995 а беше отфрлен како премногу гигантски од тогашниот канцелар Хелмут Кол. Сегашниот дизајн е прифатен од Бундестагот во 1999 година. Многумина сакаат да кажат дека Меморијалот во Берлин ке преставува опомена за идните генерации за тоа што може да се случи доколку демократијата не биде одбранета.
XS
SM
MD
LG