Достапни линкови

Багдад: Повредени едно дете и четворица американски војници


Четворица американски војници и едно дете биле повредени во Багдад кога детето, како што е соопштено во американската Централна команда во Заливот, сакало на војниците да им предаде артилериска граната. За тројца од војниците не се знае во каква здравствена сосотојба се наоѓаат, додека едниот војник по лекарската помош, се вратил на должност. Во соопштението се наведува дека во тек била потрага по детето кое од местото на несреќата било однесено од еден ирачанец.
XS
SM
MD
LG