Достапни линкови

logo-print

Рафа: Израелската војска се повлече


Израелската војска изутрината се повлече од Рафа, во Западниот Брег со што, како што јавуваат агенциите, завршила синоќешната акција во која загинале пет палестинци и еден израелски војник. Во операцијата изведена со неколку десетици тенкови, оклопни возила и хеликоптери, според израелски воени извори, било наидено на силен палестински отпор. Се додава дека израелската војска сепак успеала да уништи два тунела кои служеле за криумчарење на оружје. Во акцијата биле повредени триесетина палестинци.
XS
SM
MD
LG