Достапни линкови

Формирано здружение за заштита на државните службеници


Неодамна, со одлука на Владата беше разрешена директраката на Заводот за статистика Благица Новковска. Иако непотврдено, како причини за нејзина смена, се наведуваа доцнењето на објавувањњето на пописните резултати, како и рачната обработка на пописните материјали. „Изгледа дека во Заводот за статистика повеке нема место за експерти и стручњаци кои си ја знаат својата работа, незнам дали причините се политички но, друга причина за мојата смена, со оглед на тоа дека спроведувањето на пописната акција беше оценето како успешно, негледам,“ вели Благица Новковска, екс-директорката на Заводот за статистика.

„Моето изненадување беше уште поголемо и затоа што воопшто не бев информирана, не беше дискутирано со мене за ништо. Најголемо изненадување беше дека нема лица коишто работат, дека не се користат компјутери. Прво со одлука на владата и на министрерството за финансии јас вработив 160 лица, за да се исполни динамиата и се одеше во најдобар ред, така што воопшто не држи. Тоа владата ќе треба да го објасни, но морам да кажам дека начинот на којшто бев сменета, беше причина и јас по 18 години работа да си заминам од заводот. Пред се, имам професионално достоинство, знам колку имам направено. Не можамда препознаам дека има услови за работа на експерти.“

Случајот со Новковска е само еден од илјадниците примери, за разрешување на јавни службеници, кои се жртви на партизацијата на државните институции во земјава. Праксата трае со години, а некако без исклучок се применува со секоја смена на власта. Превенција и спречување на секаков вид политички реваншизам кон вработените во јавната управа и јавните служби, токму ова е основната цел на неодамна формираното Здружение кое ке се обиде да им помогне на лицата, жртви на политичкиот реваншизам.

„Се случуваат деградирање, повредување на човековото достоинство на вработение, кои што со своите резултати биле пример за професионалност и законитост. Никој нема ништо против менливоста на јавните службеници, но проблемот е во тоа што смените се косат со законот за работни односи. Целите на ова здружение ќе бидат, без разлика кој е на власт, ова здружение преку свои адвокати, кои ќе работат волонтерски да отворат судски постапки како во нашата Република, така и во судски органи надвор од нашата држава.“

Вели Танче Танушевски, претседател на Здружението на грагани за заштита на човековото достоинство и професијата во јавната управа и јавните служби. Од Здружението велат дека точната бројка на репресирани лица од смената на владеачките гарнитури во земјава, не ја знаат, но според нив, овој број секојдневно расте. Програмата која ја подготвивме ке ја доставиме до Законодавниот дом и до Владата, во обид за департизација на институциите во земјава за да го заштитиме достоинството на вработените и да го задржиме правото на егзистенција, вели Танушевски.
XS
SM
MD
LG