Достапни линкови

Крег Џенес, амбасадор на ОБСЕ во Македонија. Во Македонија гледаме постојано зголемување на довербата


Господине Џенес една од клучните задачи на ОБСЕ е да го набљудува и да помогне во градењето доверба во земјава. Има ли некои радиклани подобрувања

Не, нема од проста причина што градењето доверба е процес што бара време и трпение. Довербата се гради и меѓуетничките односи се обновуваат со постојани напори и чекор по чекор, бавно. Така што не очекуваме огромни пресврти, но она што очекуваме и Што го гледаме, што во крајна линија сите во земјава го гледаат е бавно но постојано и мошне јасено подобрување во зголемувањето на довербата, воспоставувањето ред и закон во поранешните кризни региони, оставањето зад себе на конфликтот од двеилјади и првата и приближувањето кон економскиот развој и интеграцијата со европа, што е неизбежно.

Согласно рамковниот договор ОБСЕ е задолжен за обуката на полицајците кои доаѓаат од етничките заедници. Мешаните полициски патроли се веќе на теренот. Дали сте задоволни?

Задоволни сме од нивната работа на теренот. Мислам дека новите кадети ја зголемија безбедноста во поранешните кризни региони со нивното присуство, со патролирањето, нивната соработка со месното население. Соарботката во етнички мешаните патроли е навистина добра. Знаете како е полицајците мораат да работат заедно, тие мораат да се заштитуваат меѓусебно. Овие луѓе сваќаат дека се професионалци и полицајци, безоглед на која етничка заедница и припаѓаат. Мислиме дека ова е добар програм и задоволни сме од тоа како одат работите
Што со организираниот криминал и конкретно со илегалната трговија со луѓе. проблемот е доста сериозен. На што според вас треба да бидат фокусирани активностите за негово сузбивање.
Ова е проблем поврзан со организираниот криминал, а тој е еден од најголемите проблеми во целиов регион така што не може да биде решен изолирано. За негово решавање, според мене, многу е важно јакнење на инситуциите на државата тука и во регионот. Во Македонија конкретно мислам дека акциите за сузбивање на илегалната трговија со луѓе што резултираше и со апсење на луѓе поврзани со ваквата активност се многу добри и треба да продолжат. Исто така мислам дека теба уште доста да се направи, владата е свесна за тоа. На пример во заштиата на сведоците, соработката меѓу полицијата, судските органи и обвинителството за да се стави крај на овој ужасен криминал

Како што знаете во тек се подготовките за почеток на одбележувањето на граничната линија. Кога станува збор за делот кон Косово сеуште има воздржаност и стравување од можни проблеми. Што мислите вие?

Она што можм да го кажам е дека Меѓународната заедница потполно го подржува договорот за границата. Тоа на сите им е јасно. Што се однесува на процесот на демаркацијата, поважно е таа да се направи правилно отколку да се направи брзо. Да бидеме искрени, ова прашање за жал е исполитизирано така што секогаш постои можност да биде злоупотребено или искористено за политички маркетинг. Но, како што реков ако не се направи во брзање туку коректно не мислам дека би имало какви и да е проблеми.
XS
SM
MD
LG