Достапни линкови

Џафери и Тачи поднесоа неотповикливи оставки


Бидејќи не сакам партијата да ја воведам во конфликт со меѓународната заедница се одлучив да се повлечам од функцијата прв човек на партијата, е ставот на Арбен Џафери претседател на ДПА, кој заедно со потпретседателот Мендух Тачи на денешното централно собрание поднесоа неотповикливи оставки. Со ваквото аплицирање на политиката, меѓуетничките односи се вратени на почетокот од 90-тите години, а црвената сијалица е веќе запалена, тврди Џафери. Оваа влада ја испушти шансата во Македонија и покрај присуството на меѓународниот фактор да изгради мултиетничко општество. Наспорти тоа, власта врши грубо кршење, односно неспроведување на Рамковниот договор, практикува политикана реваншизам и што е најлошо Македонија ја претвори во плодна почва за зголемување на насилството. Со оглед на поднесените неотповикливи оставки, а немањето кандидати за иден лидер, членовите на генералното собрание ќе прогласта мораториум во извршувањето на партиските функции што ќе значи и автоматско повлекување на пратеничката група од работата во републичкото собрание. Тоа ќе значи дека оваа партија понатаму нема да сноси никаква одговорност за тоа што ќе се случува во државата, коментираат вискои партиски членови. Мораториумот во извршувањето на политичките функции ќе важи и за градоначалниците кои доаѓаат од ДПА, што ќе значи освен извршувањето на административните технички работи во општината, овие лица нема да извршуваат никаква друа функција.
XS
SM
MD
LG