Достапни линкови

Нема пододбрување на состојбите ако се зависи од личности


Се додека сметаме дека стапката на економски раст ќе ни зависи од харизматичноста на одредена личност или од како таа личност ќе протолкува одреден закон, за по негова желба да биде имплементиран на начин на кој тој смета, не може да очекуваме било што да се подобри е ставот на професорот од економскиот факултет, Љубомир Кеновски.


„Не е решението во личности, не е решението во не знам какви харизматични потези на човек, на лидер, на министер, туку решението е во диктатура на законите. Тоа е она што претприемачите и менаџерите го бараат – само јасни, железни правила на игра, тоа што не можеме до денеска да го добиеме“.

По шест месечно владеење на ова влада, освен добрите желби што јавно се презентират, конкретните позитивни резултати изоставнуваат коментира Кекеновски. Повторно на сила стапи бранковиот закон со одредени модификации, кој повторно не нуди решение за намалувањето на бројот на невработените.

„Ќе поттикне шпекулации кај малите и средни претпријатија, ќе земе дел од парите кој најдобро веројатно би ги потрошиле самите претприемачи и тоа по мое лично мислење не е мерка што може да придонесе за зголемено вработување“.


Се прифатија измените во законот за додадена вредност , што само дополнително ќе го зголемат социјалниот јаз кој и така постоеше, без конкретни финансиски ефекти.

„Тоа, всушност, до крај ќе ја притегне јамката околу вратот на невработените и околу вратот на оној слој кој се лизга полека од она што е стандарден среден слој кон лумпен пролетаријат“.

Се усвои буџет, кој е презентиран како најекономичен, што во стварноста и не е така доколку се има во предвид дека само во перидот од 98 до 2003 истиот овој буџет е зголемен за 500 милиони евра тврди кекекновски.

„Тоа значи дека вие на истите луѓе кои создаваат само сте им зеле уште 500 милиони евра во буџетот. Двете крајности се следни: прво, приватниот сектор не може да вработува, го изострува проблемот со невработеноста, имате се поголема армија невработени и второ, тие не можат ни со тие пари што им остануваат не можат да произведат раст“.

Земја во која не се прави или многу малку се прави за намалување на економскиот и политичкиот ризик за инвестирање, неможе да се очекуваат оптимистички стапки на економски раст.

„Се уште е многу висок тој тнр. канцивизам. Значи, ние во перцепцијата на странските инвеститори сме земја која би ја заобиколиле и за патување, а не пак за вложување“.

Илузорно е да веруваме дека решенијата ќе дојдат преку ноќ, но решавањето на проблемите со употреба на мускули наместо со разум е карактеристично и за ова влада тврди Кекеновски.
XS
SM
MD
LG