Достапни линкови

Пекинг: Претседателот нареди здравствените органи да ја информираат јавноста за САРС


Кинескиот претседател Ху Џинтао им нареди на здравствените организации да ја информираат јавноста за случајите на смртоносната пневмонија САРС. Светската Здравствена Организација вчера соопшти дека бројот на заболените од САРС во Кина е можеби пет пати поголем од официјалните известувања на кинеското здравство. Кина соопшти дека се заболени 1400, а дека починале 66 лица.
XS
SM
MD
LG