Достапни линкови

Москва: Убиен пратеник на Либералната партија


Според повеќе руски политичари, вчерашното убиство на пратеникот на Либералната партија Сергеј Јушенков е политички мотивирано. Убиството доаѓа по објавата на Јушенков дека Либерална партија, основана со подршка на бизнисменот Борис Березовски, ќе учествува на парламентарните избори во декември годинава. Јушенков беше критичар на политиката на Кремљ и противник на војната во Чеченија. Претседателот Владимир Путин го нарече Јушенков брилијантен политичар кој секогаш застануваше во одбрана на демократијата.
XS
SM
MD
LG