Достапни линкови

Кога говориме за криминал, всушност говориме за политика


Кога говориме за криминал всушност говориме за политика. Криминалците најчесто се само извршители, а клучниот медиум кој го овозможи спојот на криминалците и политичарите се безбедносните стуктури:

„Во транзициските околности – криминални, незаконски, илегални – овие мангупи, службиве, зборувам и за јавната и за тајната служба за безбедност, многу често се појавија како асистенти или соучеснициво транзициски операции – во смисла на приватизации, во смисла на кршењето на ембаргото. Тие едноставно беа медиумот, односно смесата којашто помогна да се усојузат политиката и криминалот, односно политичарите со луѓето кои де факто се занимаваа со полукриминални или криминални работи, да влезат во едно братство коешто очигледно е нераскинливо“

вели директорот на Форум центарот за стратешки истражувања и член на Националниот совет за безбедност Ѓунер Исмаил. Трансформацијата на безбедносните агенции оттаму е клучен проблем на земјите во транзиција и безоглед на релативно добрата законска поставеност, доколку не биде применет процесот на лустрација со кој ке се одстранат остатоците на старите компромитирани структури вистинската реформа не е можна

„Немаше таква волја. Страв од радикалност ли беше во прашање, не знам, ама во Македонија не се изврши процес на лустрација. Да се стави една точка – сите надвор, па сега да видиме кој е за внатре“.

Во меѓувреме Македонија ги живее последиците на нереформираните безбедносни агенции

„Војната е резултат токму на нереформираните безбедносни структури, да не се лажеме. Гледајте, сега, прислушкувањето ни го предизвикува најголемиот политички потрес. Јас можам да бидам индиферентен, да ме интересира мојот потенцијален странски инвеститор, ама тој нема да дојде“.
XS
SM
MD
LG