Достапни линкови

logo-print

Од септември можно стартување на акцијата за собирање на нелегалното оружје


Во Министерството за внатрешни работи во финална фаза е текст на законот за предавање, собирање и легализација на оружјето, кој многу брзо ке се најде пред владата и пред паралемнтот. Согласно предлог верзијата, за спроведување на законот ќе биде формирано координативно тело составено од претставници на различни министерства, кое ќе има задача во рок од 30 дена да ја донесе националната програма за спроведување на општата безбедност преку доброволно предавање на оружјето и со која ке се детерминира денот на отпочнување на акцијата, вели Марко Спировски - советник во секторот за меѓународна соработка, кој активно работи на програмата на УНДП за контрола на малото оружје.

„Нема да се врши евиденција и идентификација на луѓето кои оружјето доброволно го предаваат, врз основа на јавен оглас, во рок од 45 дена кога е предвидена амнестија за оние кои ќе го предадат оружјето, односно против нив нема да биде поведена прекршочна и кривична постапка“.

УНДП понудија предпроектен документ кој дава поддршка на националните капацитети за разрешување на ова прашање на подолгорочна основа, на поддршка на креирањето на стратегијата која би го имлементирала моделот – оружје за развој, вели Спировски, при што би се организирала и донаторска конференција, по која овој модел би можел да стане оперативен.

„Ќе се врши мониторинг на општините коишто најповеќе ќе придонесат за разрешување на ова прашање, односно коишто ќе дадат најмногу оружје, за преку анализа да утврдиме критериуми за распоредување на средства обезбедени преку оваа донаторска конференција кои би се инвестирале во инфраструктура“.

Сепак, финансиската поддршка на почетните активности се планира од сопствени средства, и прелиминарно се одредува фонд од 9 милиони денари, кој се смета за доволен. Бидејќи летото не се смета за добар период за отпочнување на активностите најверојатно акцијата за собирање, складирање и уништување на доброволно предаденото оружје ќе стартува некаде од септември.
Сепак, организацијата на собирање на оружјето во голема мерка ќе зависи и од спречувањето на криминалот со оружје, и од свеста на граѓаните, колку тие се чувствуваат сигурни, иако дел од населението по традиција дома чува оружје, вели поранешниот професор по криминологија на правниот факултет Љупчо Арнаудовски, според кого во една ваква акција како во нашиот случај потребни се мерки за стимулација, што ќе значат ослободување од одговорност, иако тоа се контрапродуктивни мерки, и го рушат правниот систем

„Во Македонија за жал многу работи се простуваат кога е во прашање повредата на правните прописи. Те амнестии, те аболиции, те простување на оние кои бегале од војска итн., до кога ќе трае тоа не знам, но тој пристап несомнено е многу лош. Се е тоа посредно или непосредно негирање и уривање на правниот систем“.
XS
SM
MD
LG