Достапни линкови

Многу бирократија и за добивање основни информации


Проблемите со кои најчесто се соочуваат граѓаните во државава е начинот за да се дојде до некоја потребна информација. Бидејќи институции се затворени за нив, и за некој потребен заглавени во бирократијата тие чекаат со месеци:

„Тоа било многу комплицирано, многу здодевно и требало многу време. Голема бироратија. Тешко се добива информација, и тоа што ќе добиеш ако добиеш дали преку една рака или преку две раце. И ако го добиеш дали ќе го добиеш нормално или треба да поткупиш.“

„Пристапот до тие институции не го знаеме, значи не знаеме како да дојдеме до нив, а камо ли да дојдеме до информација.“


Токму поради ваквиот проблем со кој се сооќуваат граѓаните во државава постои потреба од донесување закон за пристап до информации. Транспарентоност Македонија во соработка со владините институции веќе започна со изготвувањето на ваков закон што на многу начини ќе ја олесни комуникацијата на релација граѓани - државни институции.

„Македонија е меѓу последните со Хрватска што нема донесено закон за информации. Пред некој ден имав разговор со странците коишто викаат ако тешко се добива информации за некои работи, да течеме за царинската постапка кај нас, во другите земји тоа веќе на англиски може да го најдете на веб страниците. Или информациите за нашите бизнисмени од нашите министерства за постапките и условите за увоз или извоз на пример, зборуваме за работи коишто треба да бидат на веб странциите,“

вели Вања Михајлова член на Транспарентност Македонија.

Пред подготвувањето на нацрт текстот на законот за пристап до информации во рамки на проектот зајакнување на одговорноста Транспарентност Македонија спроведе истражување меѓу 473 државни службеници, вработени во институции со кои граѓаните најчесто контактираат. Во голем дел тие се согласуваат дека треба да се подобри комуникацијата со граѓаните и да се олесни начинот за да се добие некоја потребна информација. Но, по некоја непишана традиција некои од иституциите остануваат затворени за нив и нивните потреби, потенцира Слаѓана Тасева извршен директор на Транспарентност Македонија:

„Во рамки на извештајот како посебно некооперативни се посочени МВР, Апекзциониот суд, и агенцијата за развој и инвестиции.“

Ваков закон е предвиден и со акциониот план на владата, а неговото донесување се чека во текот на годинава.
XS
SM
MD
LG