Достапни линкови

logo-print

Зоран Јачев, претседател на Транспарентност Македонија. Закон за конфликт на интереси важен акт во борбата против корупцијата


Од каде идејата преточена во конкретна иницијатива за донесување закон за конфликт на интереси?

Меѓународното искуство како и нашите согледувања за работата на темата антикорупција во последно време, покажуваат дека за успешна борба против корупцијата во една земја, потребен е еден сет од законски прописи којшто ќе претставуваат неопходно оружје за справување со корупцијата. Покрај она што ние досега го правевме, сега се одлучивме да направиме еден проект во којшто би дизајнирале и предложиле во Собранието на РМ, во соработка со други невладини организации, текст на законот за спречување на конфликтот на интересите и законот за пристап до информациите. Од едноставна причина дека со тоа би се заокружиле основните неопходни оружја во рацете на која било држава за борба против корупцијата.

Кога може да се очекува донесувањето на овој закон и дали ја имате поддршката од актуелната власт?

Нашата работна верзија на законот би требало да биде готова до крајот на оваа година. Се распрашавме во владата и од она што го добивме како информација е дека во програмата за работа на владата и на министерството за правда, овој закон не е ставен на листата закони што ќе се донесат во текот на оваа година. Ќе направиме две работи. Прво ќе се обидеме да влијаеме и овој закон да влезе на листата, но доколку тоа не е можно, ќе инсистираме тој да влезе колку што е можно поблиско до почетокот на идната година. Ние ќе продолжиме со контактите и ќе се обидеме да влијаеме да се донесе што е можно поквалитетен закон. Значи, соработка да, меѓутоа, никакво влијание врз нашиот невладин статус, односно да не бидеме инфицирани од политичкиот вирус.
XS
SM
MD
LG