Достапни линкови

Права линија на смртта на националната економија


Водењето на тврда монетарна политика, што значи по секоја цена одржување на стабилен курс на денарот ја води македонската економија во провалија е ставот на професорот Тихомир Јовановски. Спроведувањето политика на стабилен курс на денарот се покажа како решение што нуди стабилност, но не и развој.

„Република Македонија треба да формира и одржува флексибилен девизен курс. Курс којшто ќе зависи многу повеќе од понудата и побарувачката на девизи отколку на тоа дали се одржува една права линија. Таа права линија ја викаат линија на смртта на националната економија.“


Со дефицит во платниот биланс од 850 милиони долари, чија тенеденција упатува на понатамошно зголемување, со постојано опаѓање на стапката на извоз и со намалување на инвестициите, водењето на политика на контролирана инфлација е единствено исправно решение.

„Мислам дека е природен процес ако се сака да се оствари стапка на стопански развој на осум проценти, а гледам дека голем број на економисти се залагаат за тоа, инфлацијата може да биде и четири, пет, па и шест проценти. Тоа не е штетна инфлација бидејќи динамицира стопански развој.“

Со постојната стапка на раст на бруто домашниот производ Македонија се повеќе се оддалечува од членство во друштвото на земјите од Европската Унија тврди Јовановски

„Ако Македонија се развива со оваа стапка, ќе треба барем неколку децении да го стигне нивото не економски развој на Португалија којашто е најмалку развиена во ЕУ.“

По враќањето од Вашингтон, министерот за финансии Петар Гошев се обиде да ја спушти топката на тема ќе има или не зголемување на стапката на инфлација и дали ќе се дозволи девалвација на курсот на денарот. Ниту за едната ниту за другата економска катагорија со преставниците на меѓународните финансиски институции не е разговарано , значи се си одстанува по старо тврди Гошев.

„Главен стожер на ММФ во политиките со нашата земја е цврстиот девизен курс и инфлацијата од не повеќе од три насто.“

Народната банка со став, курсот на денарот во однос на еврото останува на постојното ниво и со оглед на потпишаното писмо за намери со ММФ во рамките на „стенд бај“ ваквата ситуацијанема да се измени најмалку во следните 15 месеци.
XS
SM
MD
LG