Достапни линкови

Никој не може да ги знае резултатите


Никој во овој момент не може да има увид во исходот и резултатите на пописот. Едноставно, тоа ниту технички, ниту теоретски е можно. Па, затоа секоја информација што говори за некакви резултати е чиста шпекулација или е обид за пророштво. Ова е пораката на претседателот ан Бордот на меѓународната мониторинг мисија, Фотис Нанопулос, кој по објавувањето на информациите во странските медиуми, меѓу кои и германскиот „Шпигл“ дојде во Скопје за да ги демантира и да ги исклучи можностите за евентуални манипулации или фалсификати.

„Невозможно и доколку би се случило веднаш би се забележало,“

рече Нанопулос објаснувајќи го процесот на обработка на податоците што се во тек. Се работи на нивно кодирање и внесување во компјутер, операција што е инзвонредно обемна и постојано се контролира. Станува збор за 2 милиони и 300 илјади прашалници што ги обработуваат 160 луѓе. Тие обработуваат по 150 до 200 прашалници дневно.

„Никој не може да знае какви ќе бидат резултатите затоа што едноставно никој нема убид во голем број пашалници,“

со очекување дека неговата заложба за поголема транспарентност и информирање на јавноста од страна на оние што го спроведуваат пописот е прифатена за да не се лсучи да се најдеме во ситуација да веруваме во некакви пророштва или она што беше објавено во „Шпигл“.
XS
SM
MD
LG