Достапни линкови

Електростопанство започна со исклучување на цели села


Една цела општина е во темница, реагира градоначалникот на Липково Хусамедин Халили, коментирајќи ја широката акција што ја презема ЕСМ за исклучување од системот на оние претплатници кои не ги подмириле сметките:

„Општина Липшково веќе три дена целосно нема струја, ниту во една куќа. Тоа го нема ни во Тонгузија, ни во било која држава“.

Во ЕСМ пак потсетуваат дека Липково е една од оние општини во кои жителите со години не ги подмируваат сметките за струја, а инкасаторите не наидуваат на прием од месното население. Бидејќи оваа пракса беше вообичаена и во неколку други општини каде што живее претежно население од албанска националност, слични акции се најавени и во Арачиново. Градоначалникот Реџат Ферати ги поздрави овие акции со тоа што вината ја префрли кај инкасаторите:

„Не можам никако да ги оправдам од ЌЕлектро-Скопје“ заради тоа што работите треба да ги гледаат поактивно, а сега не крај се обвинува месното население со што јас нема за се согласам, затоа што инкасаторите воопшто не доаѓаат во селото“.

Сепак, Ферати оценува дека ЕСМ треба да најде начин кој ќе им овозможи на луѓето кои во голем дел се социјални случаи да ги наплатат сметките. Меѓутоа градоначалникот на Липково вели дека жителите веќе реагираат на најновата акција на ЕСМ:

„Јас сметам дека еден дел од населението не е способен да одговори на своите обврски“

Халили се согласува дека обврска на сите граѓани е да ги подмируваат обврските кон државата, но дека е работа на државата да најде начин како тоа да го спроведе. Во општинските организации на Црвениот Крст пак, потсетуваат дека овие обврски се болни за луѓето коишто живеат од социјална помош, а мораат да издвојат пари:

„Она што е присутно во Црвениот крст е се поголемиот број на барања што стасуваат за помош. Ние во моментот не сме подготвени да им излеземе во пресрет во смисла да се надоместат трошоците за електрична енергија“.
XS
SM
MD
LG