Достапни линкови

Македонските војници кои ќе се вклучат во опрациите подготвени


Војниците кои ќе се вклучат во поствоената мисија во Ирак се подготвоени да одговорат на обврските, оценува Ризван Сулејмани заменик министер за одбрана во контекст на договорот кој министерката за надворешни работи го потпиша со кувајтските власти за регулирање на статусот на воениот и медицинскиот персонал. Тој објаснува дека војниците кои ќе бидат вклучени во поствоената мисија подлежат на низа тестирања

„Секако дека нашите војници, со оглед на обуката што ја имаат завршено и нејзиниот квалитет, се доволна гаранција дека можат да бидат потполно рамноправни во мисијата за зачувување на мирот, а не за создавање на мирот. Така што, сите стандарди, по сите консултации, тестирања, испитувања и по обуката низ која поминаа укажуваат на тоа дека тие се подготвени и можат успешно да ја завршат таа мисија“.

изјави Сулејмани.

Од министерството за надворешни работи за договорот кој е официјализиран со размена на писма велат дека е по примерот на договорите на СОФА

„Договорот за статусот на силите на Македонија во државата Кувајт е меѓународен договор и поради тоа министерството за надворешни работи изготви предлог за донесување закон за ратификација на овој договор. Значи, Македонија ќе земе учество во постконфликтниот период во Ирак со испраќање на една медицинска екипа како дел од воспоставените болници и мировни сили кои би биле ангажирани за одржување на јавниот ред и мир. Тие ќе бидат стационирани во Кувајт, а целта на договорот е да се обезбеди правна основа за престојот на мировните сили на Македонија во Кувајт, да се регулира нивниот статус. Станува збор за договор каков што Кувајт склучи со сите земји коишто во постконфликтниот период ќе распоредат мировни сили и медицински екипи на нивна територија“.

изјави Санта Аргирова портпарол на МНР.

Според најавите договорот кон крајот на овој месец ке се најде пред пратениците, односно парламентот треба да донесе одлука за испраќање на оваа мисија во Ирак.
XS
SM
MD
LG