Достапни линкови

logo-print

Врската со „Земунскиот клан“ треба да се бара во актуелната власт


Постоењето на врска меѓу членовите на белградскиот земунски клан со лица во Македонија на која укажа потпретседателот на српската влада Небојша Човиќ според пораншениот мнистер за внатрешни работи Љубе Бошковски не може да се бара на релација „Македнски лавови“ - „Црвени баретки“.

„Јас би го запрашал господинот Човиќ дали има барем еден доказ од било каква природа или барем еден сведок кој ќе посведочи дека имало било каква поврзаност“.

Меѓутоа Бошковски од друга страна ја дислоцира адресата на која според него треба да се бара линкот меѓу „Земунскиот клан“ и лица во Македонија за кој претходно укажа и директорката на агенцијата за разузнавање Доста Домовска. Според Бошковски одговорот на прашањето дали некој во Македонија бил поврзан со припадниците на „Земунскиот клан“ треба да се бара меѓу припдниците на актулната власт во Македонија.

„Има многу прашања кои треба да се отворат за оваа влада која во синхронизација со некои типови во Србија и Црна Гора прави некакви спектакуларни откритија и постојана мета на напади им се или македонските лавови или поранешната влада на премиерот Георгиевски“.

изјави Бошковски.

Во меѓувреме укажувањата за синхронизација меѓу припадниците на „Земунскиот клан“ и лица во Македонија освен тоа што се третираат по пат на поединечни меѓу партиски обвинувања засега остануваат без објаснување од страна на македонската влада.

СДСМ пак преку својот портпарол Игор Ивановски оцени дека мотивите поради кои директорката на агенцијата за разузанвање Доста Димовски во јавсноста го отвори прашањето за врската меѓу „Земунскиот клан“ и Македонија се должта на тоа што таа сака да го сврти вниманито за нејзината кривична одговорност во врска со аферата за прислушуавњето.

„Ваквото изнесување податоци треба да се направи во стриктна и предвидена законска процедура, бидејќи Агенцијата не е во приватна сопственост и не е приватна детективска агенција на госпоѓицата Доста Димовска. Ситуацијата е премногу провидна“.

изјави Иваносцски кој најави оти паралмнтарната група на оваа партија заедно со другите парламентарни групи ќе побараат претседателот Трајковски да се обарти пред паралмнтот и да објасни зошто донел одлука да го стопира кривичниот процес за аферата прислушување.

Што се однесува на објаснувањето на случајот „Земунски клан“ во Македонија засега единствено портпролот на минситерстворо за внатрешни работи Мирјана Контевска најави оти тоа е работа која се истражува.

Тон
XS
SM
MD
LG