Достапни линкови

Сеул: Војната во Ирак придонесе за промени на меѓународната политичка сцена


Војната во Ирак многу придонесе за промени во меѓународната политичка сцена, изјави националниот советник за безбедност на Јужна Кореа Ра Јонг Џил во врска со одлуката на Северна Кореа да се согласи на мултилатерални преговори за решавање на нуклеарната криза. Пјонгјанг претходно соопшти дека е подготвен на секаква форма на разговори со Вашингтон околу ова прашање. Како што е познато, досега Северна Кореа инсистираше на директни преговори со Соединетите Држави, а американската администрација бараше во нив да бидат вклучени и неколку земји од тој регион.
XS
SM
MD
LG