Достапни линкови

Одговор кои земји го прекршувале енмбаргото на ОН


Русија имаше блиски контакти со садамовиот Ирак и никогаш не го криеше тоа. Како и да е, Москва секогаш велеше дека не ги прекршува санкциите на Обединетите Нации воведени против Багдад по првата Заливска војна во 1991-ва година. Документите во ирачките архиви би можеле да помогнат во одговорот на прашањето дали е тоа точно или не.

Како што се приближува крајот на војната во Ирак, така се зголемуваат шпекулациите за тоа какви документ сојузничките сили ќе најдат во архивите на ирачката влада. Некои извештаи велат дека Русија, повеќе или помалку, имала многу причини за загриженост. Димитриј Орлов е заменик генерален директор на Московскиот центар за политички науки. Тој обелоденува дека Русија и пред тоа Советскиот Сојуз развивале тесни врски со Ирак и со другите земји од Блискиот исток. Сепак, тој смета дека постојат мали можности дека во ирачкиите архиви ќе бидат откриени компромитирачки документи.

„Секако, Советскиот Сојуз беше заинтересиран за формирање испостави на неговото влијание на Блискиот Исток. Не е тајна дека поранешниот руски премиер Евегениј Примаков беше активно вклучен во овие активности. Но, отсекогаш имало битка на различни интереси. “

Вели Орлов додавајќи дека не само Русија, туку и други земји, вклучувајќи ги и Соединетите Држави, имаат причина да бидат загрижени.

„Убеден сум дека има многу документи со детали за соработката на многу други земји со Ирак. Мислам дека сега се зголемуваат тензиите околку битката кој ќе дојде прв до архивите.“

Рускиот аналитичар Павел Фелген-хауер не се согласува со ова мислење. Тој смета дека руското противење на војната против Ирак било и поради страхувањата дека ќе се откриеле руско-ирачките блиски односи.

„Не е можно да се уништат сите докази во која и да е земја, посебно не во бирократизираниот Ирак. Такви се искуствата по паѓањето на режимите во Советскиот сојуз и во Источна Германија.“

Но, според други аналитичари, можно е во архивите да не биде најден доказ против Русија, бидејќи руската воена технологија можела да пристига во Ирак индиректно, односно преку Украина и Белорусија.
XS
SM
MD
LG