Достапни линкови

logo-print

Воспоставувањето на безбедноста во Ирак голем предизвик


Повторното воспоставување на безбедноста во Багдад, Басра и другите ирачки градови треба да биде приоритет на коалиционите сили во Ирак, велат експертите согласувајки се дека станува збор голем предизвик.

Веднаш по влегувањето на коалиционите сили во Багдад и Басра започнаа кражбите и постои загриженост од појава на организираниот криминал. Сосем е јасно дека коалиционите сили треба да воспостават ред и закон на улиците на градовите. Иан Кемп од Џејнс Дифенс Викли вели дека тие го имаат потребното искуство.

„Секако дека проблемите за повторно воспоставување на редот и законот се нешто за што и американските и британските сили имаат искуство стекнато изминативе години во поранешна Југославија. Тие беа распоредени во Босна , на Косово и Авганистан. Секако тоа не е иделна задача за тешко вооружени сили туку е улога на пешадијата или уште повеќе за воената полиција и за цивилна полиција која ќе работи со популацијата.“

Воспоставувањето полициски сили, како и локална управа е неопходна потреба по паѓањето на режимот на Садам Хусеин, велат експертите. Дури и пред војната Белата Куќа соопшти дека е заинтересирана само за удари врз високиот ешалон на ирачкото раководство и Баас партијата а обичните членови , дури и армиските офицери можат да ги понудат своите способности во обновата на Ирак. Експертот од институтот за арапски и исламски студии во Англија Јусуф Шуири вели дека од друга страна немањето јасна слика за тоа како ке се воспостави транзиционата власт и колку долго таа ќе трае обесхрабрувачки влијае на ирачаните дури и на оние кои не се поврзани со бившиот режим.

„Луѓето не можат едноставно да му се приклучат на режимот доколку не се сигурни каков вид операции ке се преземаат, каква ке биде поврзаноста со општеството, колку долго сето тоа ке трае и кога власта ке им биде предадена на ирачаните. Овие прашања мора да бидат решени.“

Канцеларијата за обнова и хуманитарна помош на Ирак на американското министерство за одбрана соопшти дека многу скоро ке објави дел од своите планови.
XS
SM
MD
LG