Достапни линкови

Конзорциум на македонски фирми за успешно учество во обновата на Ирак


Движењето на цената на нафтата и нафтените деривати најмногу ќе зависи од начинот на кој Америка ќе со новоосвоените извори, како и од степенот на расположение на земјите членки на ОПЕК на САД да му дозволат зголемувње или не, на цените на овој производ, коментира професорот Тихомир Јовановски по последниот развој на настаните во Ирак.

„Во тој судир на интереси помеѓу ОПЕК, САД и Русија и некои други производители на нафта, може да се очекува една посмирена состојба на пазарот со нафта и нафтени деривати, што значи непокачување на цената на нафтата и нафтените деривати.“

Од растот на цената на нафтата е условено и движењето на вредноста на американскиот долар. Според последните проценки позначителни поместување на интер валутарниот курс на американската валута нема да има, тврди Јовановски:

„Најголем процент од транскациите за нафта се плаќаат во долари, и од тој аспект курсот на доларот не би требало да расте.“

Со оглед на трендот што го практикуваат азиските земји, а тоа е девизните резерви да ги чуваат во европската валута, како и јакнењето на руската и на јапонската монетарна единица долгорочно реално е да се очекува дека американскиот долар ќе губи во однос на вредноста на еврото.

„Иако САД се победници во војната со Ирак, односот нема да се промени и очекувам вредноста на еврото во однос на вредноста на доларот да расте.“

Со оглед на конкурентноста која владее на светскиот пазар за вклучување во обновата на Ирак, Јовановски не очекува некое позначајно парче да добијат фирмите од Македонија. На наша страна е квалитетот, кој на овој пазар веќе го имаме докажано и ефтината работна сила:

„Ќе бидам среќен ако Република Македонија во областа на градежништвото добие толкав колач колку што таа самостојно со другите републики од поранешна Југославија се проби на тие пазари.“

Според Јовановски единствен начин фирмите од Македонија да реализираат оспешен пазар на овој пазар е да се обединат во единствен конзорциум. Било каква поделба и поедниечни излети на одредени компании негативно ќе се одрази на другите компании кои сакаат да чепнат од колачот чија големина сеуште не е утрдена.
XS
SM
MD
LG