Достапни линкови

И МВР работи на утврдување на врските на „Земунскиот клан“ во Македонија


Во МВР велат дека откривањето на активностите и врските на припадниците на „Земунскиот клан“ е обврска на сите безбедносни институции во државава:

„И МВР работи на утврдување на евентуални релации на припадници на Земунскиот клан со личности од Република Македонија и нвентуални незаконски дејствија, и доколку се утврдат такви релации и дејствија ќе се покренат соодветни законски постапки независно за кои лица се работи,“

изјави портпаролот на министерството Мирјана Контевска.

Директорката на агенцијата за разузнавање Доста Димовска обвини структури во земјава за поврзаност со организираниот криминал од балкански размери:

„Да укажам на фактот дека ваквите информации веќе се стасани до респектибилните странски разузнавачки служби, така што прикривањето на тие информации веќе никој не може да го спречи, дури ни со моето отстранување од функцијата што ја вршам.“

Од министерството со одговор:

„Се надеваме дека и другите институции, вклучувајќи ја тука и агенцијата за разузнавање, доколку располагаат или добијат такви информации и докази, соодветно ќе ги прецесуираат, а не да ги чуваат за некои други времиња и служби. Впрочем и прикривањето на доказите е соучесништво и кривично дело.“
XS
SM
MD
LG