Достапни линкови

logo-print

Барањето на ДУИ за амнестијата правно основано


Барањето на Демокртаската унија за Интеграција за почитување на законот за амнестија, односно за ослободување на припадниците на поранешна ОНА од издржување на казна затвор може да биде основано, оценува професорот Никола Тупанчески од Правниот факултет и додава:

„Во законот експлицитно е наведено дека тој се однесува практично на сите сторители на кривични дела коишто може да се доведат со настаните до завршувањето ка кризата во Македонија. Така што правно гледано може екстензивно да се толкува законот за амнестија и барањето на ДУИ, правнички гледано до некаде да биде основано.“

Според професорот ова правно прашање добива политичка димензија

„Правото јас се плашам дека во овој случај е суспендирано и дека ова барање на ДУИ е веќе договорено со некои што треба правно да го покрие.“

Причина за вакви ситуации, вели Тупанчески се формулациите во законот за амнестија, бидејќи во него не се прецизирани кривичните дела, ниту субјектите на кои се применува Министерот за правда Исмаил Дардишта смета дека законот мора да се почитува и овие треба лица да бидат ослободени од издржување на казната затвор. За да бидат пуштени од затвор тој вели:

„Обвинителството прво треба да ги повлече обвиненијата, а судските органи да донесат одлука и готово.“

Меѓународните претставници во земјава оценуваат дека законот за амнестија во најголем дел се спроведува доследно

„Досега според нашите сознанија законот за амнестија беше применет во огромен број на случаите, односно во околу 95 проценти. Ние сме во контакт со луге кои се вклучени во спроведување на законот вклучувајки го и Хашкиот трибунал.“

изјави Ирена Ѓузелова портпарол на ЕУ.

Еден од случаите за кои во ДУИ велат дека не се почитува амнестијата е оној на Кренар Османи, осуден за геноцид.

„Во случајот мислам дека не се почитуваат законоите во Македонија и не се земаат во предвид фактите. Мислам дека пресудата нема правна основа. Ако во скоро време не се ослободи Кренар идните чекори ќе бидат по радикални,“

изјави таткото на осудениот Кренар Османи кој штрајкува со глад.

Инаку во ДУИ се категорични дека македонските органи не се надлежни во овие случаи:

„ДУИ бара поранешните членови на ОНА безусловно да бидат ослободени и за нивната одговорнсот да решава единствено Хашкиот трибунал како единствена надлежна институција.“

изјави Ермира Мехмети.
XS
SM
MD
LG