Достапни линкови

Политичките превирања може да ја загрозат безбедноста


Во секоја, а особено во транзициона држава со кревка безбедносна структура, каква што е нашата секое политичко превирање може сериозно да ја загрози. За жал, во целата афера околу прислушувањето што е проблематична од нејзиниот почеток, повеќето актери како да ја заборавија токму грижата за безбедноста на државата, вели надворешниот член на македонскиот совет за национална безбедност Ѓунер Исмаил:

„За жал актерите се обидуваат да направат ситни политички профити на една, друга или трета страна. Во таа смисла, трапавоста кај сите е евидентна. Не сум сигурен пак, дека на крајот на краиштата сите актери многу одговорно размислувајќи за сите околности и простапиле на целата работа.“

Последниот потег во аферата помилувањето на Доста Димовска, од страна на претседателот Трајковски беше избрзан, со проблематично правно образложување. Но, сепак верувам дека е воден од грижата за безбедноста на земјава

„Ако имате директор на државната агенција за разузнавање којшто е ставен под сомневање дека всушност дека е елементарен кршител на законот, тоа е веќе загрозување, бидејќи тој директор не може да функционира со полн капацитет. Второ, тој директор или таа директорка, таа конкретна личност несомнено и во себе обединува многу политички вектори, односно таа е една политичка резултанта. Гледајте ги настаните, односно случувањата коишто во опозиционата сцена ќе се случуваат. Во таа смисла претседателот на државата оправдано размислува за безбедноста, тоа му е задача впрочем,“

вели Исмаил според кој вистинските креатори и вистинските мотиви што стојат зад случајот прислушување не се оние што ја обзнанија аферата 2001-та.

„Почитуваниот Црвенковски тогаш очигледно влета во една комбинација, не знам дали е свесен, во која тој е само еден од играчите, и ништо повеќе. И сега обидот доколку постои, а сметам дека постои за разнишување на безбедносната ситуација е успешен. Но, од друга страна сум оптимист и претпоставувам дека луѓето коишто учествуваа во целата работа ќе се отрезнат и ќе се вратат на реалните обврски коишто им следуваат по опис и попис на работните задачи.“
XS
SM
MD
LG