Достапни линкови

Македонските компании се подготвуваат


За сеуште неподелениот колач наречен обнова на Ирак македонските фирми веќе почнаа да се разграбуваат. Списокот со имињата е веќе доставен до министерството за економија како и понудите со што и колку секоја компанија може да учествува во оваа бизнис зделка. Градежните компании, компаниите за производство на градежни материјали, санитарна керамика, фабриките од дрвната индустрија како и текстилот и производството на лекови се фирмите кандидати кој се пријавија наотворената понуда од американската амбасада.

„Ние како министерство не ги бираме фирмите, ние им доставивме до нивните здруженија до стопанска комора факсови за да може тие да ни вратат понуди и да знаеме со каква оператива и опрема располагаат за да може веднаш кога ќе заврши војната да се стави во погон. И нашиот предлог беше да се формира конзорциум, значи како еден субјект да настапиме, а не посебно.“

вели Гоце Пачемски портпарол во министерството за економија. Обемот на работа која ќе треба да се понуди , вреднста на инвестициите, како и кога ќе почнат активностите се прашања за кој од амбасадата на Соединетите Американски Држави во Макеоднија сеуште не е пристигнат одоговор. Пред да го делиме колачот многу е битно под кои услови ќе го добиеме, потенцира првиот човек на стопанската комора ДуШан Петрески.

„Ако биде тендери, тогаш нашите треба со конкурентни цени да се пријават, ако Америка ги координира сите тие работи, тогаш тие ќе ни кажат што треба.“

Од министерството за економија одат со ставот, доколку фирмите сакаат да учествуваат во ово ј проект самите ќе треба меѓу себе да се договорат во рамките на стопанската комора.

„Тоа треба тие да се договорат. Зошто имаа здружение, еснафски треба да си се договорат. Ние сме да им обезбедиме работа, а не да им кажуваме кој колку треба да работи.“

Според првиот човек на стопанската компора, не е најпаметно решение фирмите да се остават сами меѓу себе да се договаат, бидејки веројатноса тие сами да се договорат е многу мала.

„Фирмите не може, фирмите ќе ги дадат понудите, мора некој да биде координатор на тоа. Кога е државна работа ќе биде Министерството за економија,“

вели Петрески.


Во моментов во министерството за економија веќе се наоѓа и списокот на производи што компаниите ги нудат, а што американската влада треба да ги откупи и пласира во ирак како хуманитарна помош.
XS
SM
MD
LG