Достапни линкови

Не се знае ништо за судбината на ирачкиот претседател


Официјален Вашингтон вели дека, освен што Садам Хусеин го загубил жезлото на моќта, не знае ништо за неговата судбина.

„Садам Хусеин сега го презема неговото вистинско место меѓу Хитлер, Сталин, Ленин, Чаушеску во панетонот на соборените брутални диктатори. Ирачаните се на нивниот пат до слободата.“

Изјави американскиот секеретар за одбрана Доналд Рамсфелд по влегувањето на американските сили во центарот на Багдад. Според некои разузнавачки извори, Садам Хусеин за време на сојузничките бомбардирања врз претседателската палата во понеделникот, бил во неа. Но, дали успеал да излезе од неа – никој со сигурност не може да каже. Имаше и некои наводи дека Хусеин се криел во руската амбасада во Багдад. Тоа веднаш беше демантирано од Москва. Џудит Кипер, експерт за Блискиот Исток во Вашингтонскиот центар за стратегиски и меѓународни студии, вели дека станува збор за гласини, но додава дека таквото сценарио не и незамисливо:

„Нашите односи со русите се многу важни. Очигледно, ако тој е во амбасадата што е руска суверена територија, ние нема да да одиме во војна со нив за тоа.“

Има гласови дека Садам Хусеин пред очите на американските маринци успеал да избега, преку систем на тунели и лавиринти, во Тикрит, сунитски град и негово родно место на сто и пеесет километри северно од Багдад. Според овие наводи, таму тој ќе го организирал ирачкиот отпор против сојузничките сили. Ваквите гласини ја зголемуваат загриженоста кај експертите дека Садам Хусеин би можело да заврши како Осама бин Ладен. Тие се прашуваат дали победата на американците во Ирак ќе биде комплетна доколку потрагата по него тапка во место како што е случајот со лидерот на Ал Каида. Сепак, Кипер вели:

„Ова не Осама Бин Ладен кој е меѓународна терористичка мрежа. Ова е некој кој беше претседател на држава. Мислам дека ирачкиот народ ќе биде нервозен се додека Садам не биде пронајден, заедно со неговите синови и неколку други луѓе.“
XS
SM
MD
LG