Достапни линкови

logo-print

Обид на актуелната власт политички да ме оцрни


Пласирањето на аферата прислушување пред две години беше со цел да се сруши тогашната влада, а во најмала рака Министерот за внарешни работи, вели Доста Димовска:

„Актуелизирањето на аферата прислушување од органите на прогонот дури по две години зборува за фактот дека тоа се прави токму во овој момент, не од правни, туку од политички мотиви. Да потсетам всушност на дадените изјави од надлежните органи коишто беа изнесени до парламентарните комисии и до јавноста, дека тие не располагаат со документи и докази за таканаречената афера прислушување,“

Таа смета дека актуелизирањето на аферата од позицијата на власт и со свои избрани обвинители зборува за политичка тенденција

„Зошто се чекаше цели шест месеци од доаѓањето на новата власт правосудните органи да ја отворат оваа афера? Органите за кривичен прогоно исто така ценам дека имаат селективен пристап бидејќи е факт дека претходниот период и во овие шест месеци се премолчани кривичните пријави поднесени до основното јавно обвинителство за неовластено прислушување односно снимање на раководни кадри, активисти и седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Две години исто така е одбиено барањето за контрола на УБК која што во изминатиот период ја водеше пратеник од СДСМ за разгледување на истиот случај којшто всушност до ден денеска нема никаква завршница, всушност самата документација покажува за инволвираност на тогашни и сегашни високи функционери на СДСМ од безбедносните органи. Се работи, по мое мислење за примена на двоен аршин кога се работи за припадници на ВМРО-ДПМНЕ.“

Димовска оценува дека се работи за одбран момент. Се наоѓаме еден месец пред пдржувањето на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ вели таа:

„Отворањето е да се попречи враќањето на политичката сцена. Очигледно многумина имаат страв од моето политичко активирање. СО овој потег актуелната власт сака политички да ме оцрни и со притисок да ме отстрани од директорското место во агенцијата за разузнавање бидејќи со одлуката за ослободување од гонење на претседателот на државата тоа сценарио е попречено, очекувам многу скоро некое ново сценарио за постигнување на истата цел. Истовремено, факт е дека со мое отстранување од оваа функција би се ослабела позицијата на претседателот. Исто така, знаеме дека наскоро треба да се одржат претседателски избори, а кампањата уште сега некој сака да ја започне.“
XS
SM
MD
LG