Достапни линкови

logo-print

Скопје: Димовска ја обвини власта дека пробала политички да ја оцрни


Директорот на Агенцијата за разузнавање и поранешен министер за внатрешни работи Доста Димовска во изјава за „Макфакс“, ја обвини актуелната власт оти аферата „прислушкување“ ја актуелизирала со цел таа да биде „политички оцрнета“ и со притисок отстранета од директорското место во Агенцијата.

„Ценам дека се работи за смислено одбран момент. Имено, се наоЃаме еден месец пред одржувањето на редовниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, а состојбите во партијата и се познати на јавноста. Со отварање на ваков процес против мене, би се ослабнала мојата позиција и евентуално би се попречило моето враЌање на политичката сцена. Очигледно е дека многумина стравуваат од моето политичко активирање“, изјави денеска Димовска.
XS
SM
MD
LG