Достапни линкови

logo-print

Париз: Средба на францускиот и британскиот шеф на дипломатијата


Денеска во Париз на тема пост- воен Ирак се состанаа министрите за надворешни работи на Франција и Велика Британија Доминик де Вилпен и Џек Строу. Дваајцата министри разговараа за улогата на Обединетите Нации во обновата на Ирак по завршувањето на воените дејствија. Де Вилпен по разговорите рече дека меѓународната заедница мора да се обедини за решавање на хуманитарната криза, а Строу изјави дека Британија и Соединетите држави сакаат во Ирак да биде инсталирана демократска влада но оти тоа не ќе може веднаш да се направи.
XS
SM
MD
LG