Достапни линкови

Белград: Средба на шефовите на држави и влади на Процесот за соработка на Југоисточна Европа


Шефовите на дипломатиите на земјите членки на Процесот на соработка во Југоисточна Европа денеска во Белград треба да го подготват утрешниот самит на кој ќе учествуваат лидерите на деветте земји на регионот и претставници на Европската Унија, НАТО и ОБСЕ. Главни теми на самитот ќе бидат јакнењето на регионалната соработка во борбата против организираниот криминал, во создавањето зона на слободна трговија и во енергетиката и телекомуникациите.
XS
SM
MD
LG