Достапни линкови

Без соодветно влијание


Невладините организации немаат соодветно влијание на извршната и законодавна власт иако тие заедно со медиумите треба да бидат најголеми контролори на власта, оценуваат претставници на невладиниот сектор и парламентот.

„Досега имало само две-три прилики кога иницијативите од невладиниот сектор добиле право на граѓанство во законодавниот дом и зад нив да застанат пратеници или дел од пратенички групи“.

изјави пратеникот Тито Петковски и поранешен претседател на Собранието.

И од невладиниот сектор се согласуваат дека соработката со парламентот не е на задоволително ниво, бидејќи досега немало некои конкретни резултати

„Секако, имаме обиди од страна на повеќе невладини организации. Токму сега посебно сме информирани за препораките околу изборниот закон. Но, секако таа соработка навистина може да биде многу, многу поголема со оглед на тоа што невладините организации се активни во околината во којашто работат и секоја од нив има наведени теми и задачи“.

вели Снежана Горгевска директор на граганската асоцијација МОСТ која посочува дека иако досега не постоела плодна клима за соработка тие сепак се надеваат дека е можно таа да се подобри

Петковски вели дека соработката нема да може да се подобри се додека пратениците сметаат дека треба да бидат лојални само на лидерот на партијата

„Пратениците во Собранието функционираат врз основа на партиските ставови и многу-многу не се загрижени за иницијативите на невладиниот сектор, иако според уставот пратениците се и претставници на граѓаните па таа врска мора да функционира двонасочно: и кон партиите од коишто тие се кандидарани, но и преку граѓаните. Во тие рамки е и отсуството на политичка култура, пред се кај пратениците, и стравот да не ја изгубат позицијата пред лидерите во сопствената партија. Но, во најголем дел станува збор за отсуство на рефлекс кај пратениците“.
XS
SM
MD
LG