Достапни линкови

Американски авион по грешка бомбардирал позиции на сојузниците


Инцидентот се случи денеска околу 50 километри југоисточно од Мосул. Централната команда соопшти дека во тоа време преземала мисија на воздушна подршка во координација со копнените трупи. Дописникот на Радио Слободна Европа Сами Шореш од Северен Ирак јави дека во инцидентот загинале неколку курдски борци.

„Нападот на американскиот авион резултираше со загинување на неколку курдски борци, вклучувајки и команданти. Што се однесува до борбите меѓу Киркук и Мосул, курдските борци заробија 50 ирачки војници, меѓу нив и полковници и капетани.“

Во Багдад и денеска се слушаат експлозии. Како што јавуваат агенциите тежок артилериски оган ја погодил резиденцијалната област во источен Багдад во близина на ирачкиот олимписки комитет. Американските сили го опколија главниот град на Ирак. Дописникот на Радио Слободна Европа Рон Синовиц од околината јави дека американските позиции околу Багдад добиваат засилување со што за 30 проценти се зголемува бројот на војниците околу Багдад. Тоа ,според воените команданти, ќе ја зголеми нивната флексибилност во борбите. Движењето доаѓа по новиот бран експлозии вклучувајки го и артилериското бомбардиорање врз јужниот дел на градот. Дописникот на Слободна Европа јави за предавање на ирачани на американските сили.

„Jaс сум кај северозападната страна на Багдад и гледам голема сцена на предавање. Доаѓаат во групи од по 3 и 7 лица со рацете кренати во воздух. Одат преку полето и се прифатени од американските сили. Ова доаѓа по борбите во ова подрачје. “

Американскиот генерал Мајкл Мосли соопшти дека коалиционите воздушни сили воспоставиле 24 часовни патроли над Багдад за да одговорат на потребите на силите на теренот. Ирачката телевизија соопшти дека властите во Багдад го забраниле јавниот сообраќај во градот од 18 до 6 часот по локално време. Ројтерс јавува дека многу цивили со автомобили го напуштале Багдад, барајки безбедност во позадината на американските борбени линии или бегајки на север. Денеска улиците на градот биле пусти, а продавниците биле затворени. Порпарол на Пентагон изјави дека одлуката на ирачките власти за нема да има влијание врз активностите на сојузничките сили.
XS
SM
MD
LG