Достапни линкови

logo-print

Висока цена, низок квалитет


Иако во последните 12 години многу се зборува за реформи во здравството факт е дека освен континуираната медицинска едукација кај дел од лекарите со претходниот проект од Светската Банка и опремувањето на поголемиот дле од амбулантите по некои европски стандарди треба уште многу за да се реформира македонското здравство. Нема да се влечат драстични потези, во прв план ќе се оди на довршување на едукацијата кај општите лекари и доопремување на амбулантите, а со предлог законот за измени во здравствената заштита некаде во јуни министерството, вели заменик министерот Никола Пановски ќе предложи поделба на медицинските центри на болници и здравствени домови. Ренген и службите за брза помош, дијагностичките лаборатории и поликлиниките би биле посебни јавни здравствени организации со сопствени буџети. Намерата е во догледен период со нив да управуваат менаџери кои домаќински би раководеле со средствата. Пановски вели дека во моментов за приватизирање се размислува само во примарната заштита, а не и кај болниците кај кои прво ќе се оди на модернизирање. Но, реформи мора да има, зашто сегашниот спектар на услуги е премногу скап за пациентите и за здравството.

„Пациентите не добиваат квалитетна здравствена услуга. Или ако сакаат да ја добијат тие мора да платат од џеб, па дури и да не зборуваме дека мора да платат и „под маса“. Најмалку 50 насто од здравствените услуги пациентот ги плаќа сам.“

Со лимитираниот буџет на здравството покрај грантот од 480 илјади долари, ќе биде потребен и најмалку уште еден од 10 милиони од светската банка за продолжување на реформите, вели Пановски:

„Или за подолгорочно да траат, ако сакаме од сопствени средства, ние предлагаме најмалку еден насто од акцизните стоки, главно цигарите и алкохолот да влезат во здравството.“

И граѓаните се генерално незадоволни од цената што ја плаќаат за здравствените услуги.

„Џабе зборуваме, никој не не слуша.“

„Здравството е катастрофа сега за сега, се се наплаќа. Треба да имаат обзир, владава ништо не неправи.“


Со процесот на реформи во здравството договорени со светската банка мора да се отпочне час поскоро, пред се во примарната заштита со воведување на лиценци во работата на ликарите, но и реформи во работата на здравствениот фонд. Парите платите се единствен модус вивенди за добра работа во здравството, вели Алексеј Дума претседател на лекарската комора. Оттаму, порачуваат приватизација во хоспиталниот дел во моментов е невозможна. Но,

„Приватизацијата е возможна да биде направена во моментот кога ќе биде донесен закон за приватизација. Очекувам владата час поскоро да ги поттикне реформите во здравството. Статус кво ситуацијата е најлоша за решавање на проблемите во здравството.“
XS
SM
MD
LG