Достапни линкови

Младите сакаат да заминат од земјата во потрага по подобар живот


„Сигурно за некој подобар живот, за да си оствариш некои планови и цели што сакаш да ги исполниш, а овде не можеш да ги исполниш затоа што некој те кочи. Ако ништо друго најголем дел од луѓето што заминуваат од земјава, заминуваат за подобар стандард на живеење. Да се има автомобил, да се има компјутер без размислување, да е од толку до толку на работа и за тоа да е платен, а не да сработи, па потоа да трча за да му дадат пари,“

вели 28 годишниот Никола, дипломиран актер во моментов без работа, кој како што ни изјави ги користи сите начини за да замине во некоја од земјите на западот, само за малку подобар живот.

„Кај нас завршуваш факултет, кој се тие 1000 луѓе што ми нудат работа, јас немам овде еден човек што ми нуди работа. Ако не си ја барам сам ништо.“

Македонија заедно со Албанија и Косово е земја која според податоците на Интернационалната организација за миграција се соочува со најголем број на иселувања и најчесто тоа се случува на нелегален начин. Поради се поголемиот број на илегално заминување, ИОМ во овие три земји започна информативна кампања, со цел граѓаните да се информираат за последиците од илегалното заминување од земјата.

„Тие не се единствениот избор на нелегални имигранти. Информативната кампања која се одвива во фази идната година че ги вклучи и Србија и Црна Гора. Поради тоа што овој регион е повеќе зафатен од војната и прекуграничното движење на луѓето, постои потреба за спроведување на оваа кампања. Всушност и границите во регионот, не се толку добро контролирани како во другите земји.“

вели Луполи Паскуле, шеф на Интернационалната организација за миграции во земјава.

Со една ваква кампања се обидуваме да ги информираме луѓето за несигурната иднина која ги очекува во земјите од западот. Всушност, на тоа укажува и мотото на кампањата, „илегална миграција - осаменост, изгубен идентитет, вреди ли?“.

„Во изминатите две години забележавме зголемување на прекуграничното движење на населението, кое комбинирано со зголемената невработеност, наведува да се појават различни начини на миграции меѓу кои и нелегалната. Сите знаеме дека криминалните мрежи ја експлоатираат желбата и потребата на луѓето за подобар живот и им нудат брзи решенија кои се косат со реалноста, како што е лесно вработувањ во западна Европа. Но, ова не е вистна. Во многу случаи илегалните мигранти се наоѓаат во многу тешка ситуација, без никаква можност да добијат работа која ќе им овозможи еден нормален пристоен живот,“

потенцира Паскуле.

Кампањата во овие три земји вклучува медиумско информирање, печатење флари, укажување на несигурната иднина како мигрант преку билборди, а како што вели тој вклучен е и телефон на кој овие луѓе може да се информираат за последиците од миграцијата.
XS
SM
MD
LG