Достапни линкови

Багдад: Американски сили и тенкови влегоа во центарот на Багдад


Американските тенкови и значителни сили влегоа во центарот на Багдад, соопшти централната команда Според полковник Ерик Весли целта на таканаречена ,,трка на громот,,е да се натераат силите на републиканската гарда да ги откријат своите позиции во центарот на Багдад. Тв Скај прикажа слика од цивили кои со добредојде ги дочекуваат американските војници. Ирачката телевизија од друга страна од синоќа покажува слики од Садам Хусеин кој се ракува со луѓе на улиците на градот. Сојузниците имаат ефективна контрола врз јужниот и западниот влез кон градот и се обидуваат да го изолираат Багдад од другиот дел на Ирак. Американските воени авиони ги нападнаа ирачките сили кај северната страна на аеродромот во близина на Багдад кој од вчера е под контрола на сојузниците, јавува Ројтерс. Денеска се извршени и воздушни напади врз Карбала во централен Ирак со цел да се заштито позадината на трупите кои се движат во Багдад.
XS
SM
MD
LG